Мистериозно слетување на унгарски авион на затворениот скопски аеродром – Можеби Груевски пратил кеш во Македонија?

0
348

Никола Груевски, поранешниот премиер во бегство, често знае да ја советува македонската влада, па така и за корона кризата даде обемни совети и конкретни мерки. Се поставува прашањето дали Груевски покрај советите се решил да биде и дарежлив кон нашата влада и во овие тешки моменти за македонската економија, испрати и кеш.

Имено, порталот Лидер објави дека на затворениот аеродром Скопје на 19 март „мистериозно“ слетал Унгарски авион, специјализиран за транспорт и на пари, и покрај тоа што аеродромот кој во тој момент беше затворен. Никој не открива што тој носел и каде завршило тоа што е донесено. Затоа ние помисливме дека може Груевски пратил некаков пакет. Или можеби некој друг имал потреба да прими кеш? или можеби, едноставно, авионот имал редовна рута?

Овој „мистериозен“ авион како што пишува „Лидер“ на аеродромот во Скопје се задржал 35 минути, по што во 15:55 минути по локално време се упатил кон Загреб.

Целиот текст може да го прочитате на порталот Лидер на линкот ОВДЕ