Нови 22 случаи на коронавирус во земјава, вкупниот број се искачи на 136

0
116

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1).

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12 часот изнесува 136, од кои еден излекуван и двајца починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во:
– Скопје (81) – од кои едно лице е од Богданци, а живее во Скопје
– Дебар (40) – од кои еден починат
– Штип (7)
– Куманово (3) – од кои еден починат
– Кавадарци (2)
– Охрид (2) – од кои едно лице е од Скопје, а е во изолација во Охрид
– Гостивар (1).