Пронајдена рачна бомба покрај банкина на автопат во Кумановоm

0
114

Шеест и двегодишен маж од селото Табановце во полицијата пријавил дека пронашол рачна бомба на банкина покрај автопатот Куманово-Граничен премин „Табановце“, во близина на бензинска пумпа.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Од страна на пиротехничар на ДЗС експлозивната направа е подигната за понатамошна постапка.