Во Италија конечно се намалува бројот на починати, за 24 часа 601 жртва на Ковид-19

0
51
Foto

Во Италија во последните 24 часа од Ковид-19 починале 601 лице, а регистрирани се 4.790 новозаразени, јавија италијанските медиуми.

Вкупниот број на заразени лица во Италија се искачи на 63.928.

Добрата вест е што веќе втор ден по ред паѓа бројот на починати, со оглад на тоа што вчера починаа 651 лице.

Во последните 24 часа излекувани се 408 луѓе, со што вкупниот број на оздравени сега изнесува 7.432.

Во исто време, во САД се регистрирни 7.295 новозаразени, а во последните 24 часа починале 64 луѓе.