Андерлехт пред банкрот поради коронавирусот

0
120

Најтрофејниот клуб во Белгија Андерлехт се наоѓа во сериозни финасиски проблеми поради пандемијата со коронавирусот.

Извршниот директор Карел ван Етвел за локалните медиуми потврдил дека клубот, привремено, сите вработени ги прогласил за технолошки вишок.Тоа значи дека тие ќе добиваат најмногу 70 отсто од просечната плата.

Кога станува збор за фудбалерите тие и понатаму ќе истите примања, односно ќе добиваат месечна бруто плата од 2.500 евра.

Андерлехт неколку години има финансиски проблеми, минатата сезона клубот бил во минус од 27 милиони евра, со што клупскиот долг е зголемен на 100 милиони евра.