Aвион со заштитни маски од Кина слета во Србија

0
68

Авион на „Ер Србија“ од Шангај слета на белградскиот аеродром, со хуманитарна помош за земјата, пишува „Блиц“.

Авионот слетал синоќа, а попладнево повторно ќе полета за Шангај.

Директорката на Републичниот фонд за здравствено осигурување во Србија, Сања Шкодриќ, утрово изјави дека авионот со заштитни маски кои земјата ги купила, слетал во четири часот во Белград, како и дека робата ќе биде дистрибуирана во сите аптеки во Србија.

„Маските ги плати државата, а граѓаните ќе можат да ги купат по цена од 120 динари“, наведе Шкодриќ.

Таа рече дека за два дена ќе пристигне уште еден авион со маски и дека Србија во следните неколку дена ќе има доволна количина.