Болните од корона вирусот ќе се лекувата и во приватните болници

0
59

Пациенти болни од корона вирусот ќе може да се лекуваат и во приватните здравствени установи. Ова произлегува од одлуката која синоќа ја донела Владата. Во неа се наведува дека и приватните здравствени установи надвор од мрежата на здравствени установи кои вршат дејност за интензивна нега и терапија, ќе ја вршат оваа дејност во мрежата на здравствени установи за укажување здравствени услуги на пациенти заболени од корона вирус. Одлуката ќе важи додека трае вонредната состојба во земјава.

-Фондот за здравственото осигурување ќе склучи договори со овие институции со кои ќе се утврдат обемот и видот на здравствените услуги кои приватната здравствената установа ќе ги врши во периодот на важењето на оваа Уредба, согласно прописите од областа на задолжителното здравствено осигурување, се наведува во соопштението.