EУ донесе одлука за почеток на преговорите со Македонија и Албанија

0
122

Еврoпската Унија донесе одлука за почеток на преговорите со Македонија и Албанија.

Веста на „Твитер“ ја соопшти еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

„Задоволен сум што земјите членки на ЕУ постигнаа политички договор за отворање преговори со Албанија и Северна Македонија. Им честитам на двете земји. Со ова е испратена силна порака за Западен Балкан: вашата иднина е во ЕУ“, напиша Вархеји.

И претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ја сподели веста на социјалните мрежи.

„Донесена е одлука! Северна Македонија почнува преговори за членство во Европската Унија. 🇲🇰🇪🇺 Историска одлука во овие тешки времиња за нашиот народ. Нема веќе никакви пречки ниту услови. Европската комисија треба да ги спроведе подготовките, а првата меѓувладина конференција ќе се одржи најбрзо што може. Честитки граѓани, како што успеавме да се кренеме на патот до НАТО и ЕУ, така заедно ќе се справиме и со заразата која го напаѓа светот“, напиша Заев.