Германската војска изгуби 6 милиони маски на аеродром

0
67

Министерството за одбрана на Германија соопшти дека војската изгубила дури 6 милиони заштитни маски на аеродромот во Најроби, главниот град на Кенија.

Според Си-ен-ен, на барање на Министерството за здравство, Министерството за одбрана нарачало маски од неименувана компанија. Германската компанија ја потврдила нарачката, очекувајќи налог од Министерството за здравство.

Портпаролот на Министерството за одбрана не знаеше да каже како маските исчезнале во Најроби, ниту му било познато од каде биле прво испратени. Како што е наведено, плаќањето на маските требало да се изврши дури по испораката на опремата.

Пропустот доаѓа во незгодно време, бидејќи Германија, заедно со целиот свет, се соочува со епидемија на коронавирусот. Во Германија досега се регистрирани 31.260 заболени од коронавирус, а досега се починати 132 лица.