Судот објави листа на судења кои ќе се одржат во наредниот период

0
55

Основниот кривичен суд Скопје, објави листа на итни и неодложни судења кои ќе се одржат во наредниот период.

Станува збор за предмети во кои еден или повеќе обвинети се во притвор или куќен притвор, предмети во завршна фаза, како и предмети од јавен интерес и предмети за сериозни кривични дела поврзани со убиство, семејно насилство, силување на немоќни или малолетни лица.

Како што информираат од судот,  издвоени се околу 300 итни и неодложни предмети, во сите оддели, а ќе се постапува и по сите обвиненија поврзани со здравјето на граѓаните како и непочитување на полицискиот час и другите мерки.

Од судот истакнуваат дека дел од странките во постапките, и покрај сите укажувања на судот и Министерството за правда, прават напори да ги одложат и одолговлечат овие расправи со што единствено им наштетуваат на останатите обвинети кои се во притвор и оштетените кои се во ичекување на исходот од судењата.

„Во интерес на ажурно постапување на правосудниот систем очекуваме надлежните институции, со посебна уредба да ги запрат сите рокови за застарување како и процесните рокови за време на вонредната состојба, со што сегашното „мирување“ на судските процеси нема да ги застари предметите и ќе продолжат онаму каде што застанале. Заради сето тоа, уште еднаш апелираме, дека до евентуални нови напатствија на Судскиот совет и Министерството за правда, судот доследно ќе ги почитува препораките и ќе продолжи да постапува и истото го бара и од странките во постпаката. Мерките на Владата на РСМ се јасни и недвосмислени и за секоја злоупотреба од било која странка – Законските одредби даваат можност за санкција, построги мерки за обезбедување присуство и назначување бранител по службена должност се со цел заштита на правата на другите странки и оштетените во постапката како и целокупната јавност“, додаваат од судот.