Трамп: Американците мора да се вратат на работа

0
80

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека воведените рестрикции заради епидемијата на коронавирусот, заради кои престанаа да работат многу компании ширум САД, можат да доведат до смртни случаи.

-Нашата држава мора да почне да работи. Нашата држава сака да се вратиме на работа, рече претседателот за телевизијата „Фокс њуз“, пренесоа британските медиуми.

„Овој лек е полош од проблемот. Повторно, луѓе, многу луѓе, по мое мислење, ќе умрат ако дозволиме тоа да продолжи“, истакна Трамп.

Тој кажа дека Американците мора да се вратат на работа.

-Нашите луѓе сакаат да се вратат на работа, заклучи американскиот претседател.