Петмина заразени од директорката на Клиниката за кожни болести

0
57

Пет лица од контактите на директорката на Клиниката за дерматологија, Нина (Цаца) Билјановска, се позитивни на коронавирусот, покажале тестовите направени во Институтот за јавно здравје.

Министерот Венко Филипче рече дека тие немале симптоми и сите се колеги, здравствени работници, кои биле во домашна изолација 16 дена.

„Од тестирани 30 лица, кои биле во контакт со директорката, пет се позитивни на вирусот. Другите ќе се тестираат во следните четири-пет дена. Во добра состојба се, имаат лесна клиничка слика и остануваат во домашни услови во постојан контакт со Инфективната клиника“, рече министерот Филипче.

Кај поранешната директорка на Клинката за дерматологија коронавирусот ѝ беше дијагностициран на 8 март, а на 9 март во изолација беа ставени сите луѓе со кои била во контакт по враќањето од Италија.