Почна тестирањето на вработените на охридската Трансфузиологија

0
72

Почнато е тестирањето на вработените на охридската Клиника за трансфузиологија и ќе трае наредните три дена за да се види дали некој од персоналот заболел од коронавирус по контактот со заболено лице што се вратило од Италија.

„Да, ќе се чека да истечат 14 дена, па и дополнителни 2 или 3 дена, така направивме и со колегите од Клиниката за кожни болести, и потоа сите ќе бидат тестирани. Сè во насока на потврда дали се носители или не се носители на вирусот, дури и да немаат симптоми, со цел рана детекција на случаите“, посочи Филипче.

Персоналот од трансфузиолошкото одделение е во карантин од 19 март, односно пред шест дена, а со заболениот биле во контакт на 10 март овој месец. Персоналот до тогаш не знаел дека пациентот кој бил на преглед кај нив има коронавирус. Па, затоа, наместо во 14-дневна изолација, тие ќе останат додека да бидат изработени тестовите за присуство на коронавирус, пресметано од денот кога го имале првиот контакт со пациентот заболен од коронавирус.

Од денот кога заболениот бил на одделот за трансфузиологија, таму идните 9 дена доаѓале и други пациенти.