Робен не потпишал за Јунајтед оти му смрдело во тренинг-кампот!

0
15

Многумина сметаа дека требаше да одигра уште некоја сезона, но холандскиот фудбалски интернационалец, Арјен Робен, по ангажманот во Баерн Минхен реши да ги закачи копачките.

На тој чекор се реши по помината цела деценија во Баерн, но не смее да се заборави неговиот придонес и во игрите на Челси, односно Реал Мадрид.

„Летечкиот“ Холанѓанец кариерата ја почна во Гронингем, па потоа играше во ПСВ, а во 2004 година направи трансфер во Челси.

Тогаш му се отворила можност да заигра и за клубот од „Олд Трафорд“. Некогашниот играч на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд, на „Инстаграм“ одговарал на прашања на навивачи, меѓу другите и за тоа зошто пропаднал трансферот на Холанѓанецот меѓу „ѓаволите“.

„Каков играч, Робен беше сјаен. Требаше да го доведеме во Јунајтед. Мислам дека дојде во тренинг-кампот. Се прошета по кампот, не му се допаѓало како мириса, па прошета и отиде во Челси. Не можев да верувам. Ќе беше сјаен за нас“, рече Фердинанд.

Арјен Робен за Челси одигра 106 меча, постигна 19 гола, а имаше и 22 асистенции.