Наинголан стравува од корона вирусот поради сопругата која се бори со ракот

0
65

Фудбалерот на Калјари, Раџа Наинголан признава дека стравува за здравјето на неговата сопруга за време на пандемијата на корона вирусот, бидејќи Клаудија Лаи Наинголан добива хемотерапија.

Италија е едно од жариштата на корона вирусот со над 7.500 мртви и Белгиецот вели дека за неговото семејство ситуацијата е уште покомпликувана.

„Корона вирусот е голем проблем и сите зборуваме само за тоа. Ги избегнуваме болниците и хемотерапиите ги одложуваме колку што е можно повеќе. Се надевам дека ситуацијата ќе се подобри бргу, бидејќи Клаудија има слаб имун систем. Сега, кога одам на шопинг има ризик да се разболам и се обидувам да бидам што е можно повнимателен. Веќе го поминуваме најтешкиот период и мислам дека одиме во вистински правец“, вели Наинголан на Инстаграм.

Клаудиија и Раџа се во брак од 2011 година и имаат една ќерка. Наинголан е позајмен фудбалер од Интер во Калјари, бидејќи сакаше да биде во нивниот дом на Сардинија.