Обвинителството на потег: Ќе одговара ли сега директорката на кожно која зарази петмина свои колеги

0
112
Foto

Јавното обвинителство е на потег по допрен глас да отвори кривично-правна интервенција за директорка на Клиниката за кожни болести, д-р Нина Цаца Биљановска, откако вчера министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека пет од новозаразените се од група поврзана со симпозиумот кој го организирала и присуствувала директорката.

На 10-ти март годинава, Обвинителството во врска со овој случај информираше дека во Кривичниот законик постојат две дела – едното е пренесување заразна болест и другото е непостапување по здравствените прописи за време на епидемија, кое уште тогаш беше отфрлено бидејќи во земјава нема прогласено епидемија.

-За кривичното дело пренесување заразна болест од член 205 став 1 од Кривичниот законик потребно е сторителот со кршење прописи или наредби да предизвика пренесување заразна болест. Ова кривично дело е умислено по својата правна природа. Воедно, во ставот 6 од истиот член е пропишана и казнивост на ова кривично дело сторено од небрежност. Во поглед на настанатата ситуација со докторката – директорка на Универзитетската клиника за дерматологија, Јавното обвинителство ја известува јавноста дека ја следи настанатата состојба и укажува дека сè уште е рано за кривично-правна интервенција, од причина што лицата со кои имала контакт докторката се во карантин и сè уште не е познато дали таа кај нив предизвикала пренесување на заразната болест, што е битна околност за кривично-правно постапување. Од друга страна, и самата докторка е во карантин и во овој момент не може да се утврди дали во конкретниот случај постапувала умислено или од небрежност, стои во соопштението од Јавното Обвинителство од 10-ти март.

Но сега, со новонастанатите околности, кога јавно се потврди дека директорката предизвикала пренесување заразна болест, Јавното Обвинителство има доволен аргумент да постапи по овој случај.

Сега е тоа на потег да утврдува дали доректорката постапувала умислено или од небрежност!?

Поради неодговорноста на директорката на кожно, која се заразила со корона вирус при патување во Италија, а кога се вратила, наместо во самоизолација, пет дена одела на работа, речиси 200 лица се во домашна изолација, а кај петмина заразата веќе е потврдена.