Се влошува состојбата со коронавирусот во Шпанија, за 24 часа починале 655 лица

0
59

Се чини дека состојбата со коронавирусот во Шанија се влошува. Како што пренесуваат шпанските медиуми во последните 24 часа животот од коронавирусот го загубиле 655 лица, со што бројот на починати се искачи на 4089 лица.

Според Министерството за здраство, со новиот коронавирус заразени се повеќе од 56.000 лица, односно со Ковид-19 се заразиле 8.578 лица повеќе од претходниот ден.

Шпанија по бројот на починати од коронавирусот ја надмина и Кина, каде од истиот вирус починале 3.281 лице, притоа позиционирајќи се на второ место зад Италија.