Чулев во посета на полициските службеници во Куманово

0
108

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев вечерва се сретна со полициските службеници кои во рамки на Секторот за внатрешни работи Куманово преземаат активности за контрола на спроведување на мерките и одлуките на Владата кои се однесуваат на ограничување на движењето на граѓаните.

Од почетокот на спроведување на мерката за ограничување на движењето на територијата на СВР Куманово констатирани се 12 непочитувања на истата и тоа 10 на подрачјето на ПС од ОН Куманово и 2 на подрачјето на ПС од ОН Кратово. На подрачје на СВР Куманово се регистрирани 83 лица кои се во изолација со Решение од ДСЗИ и сите се на подрачје на ПС од ОН Куманово, а 567 лица пополниле изјава дека ќе ги почитуваат препораките за самоизолација од 14 дена. Од нив 450 лица се на подрачје на ПС од ОН Куманово, 41 лице се на подрачје на ПО Матејче, 35 лица се на подрачје на ПС од ОН Крива Паланка, 27 лица на подрачје на ПС од ОН Кратово и 14 лица на подрачје на ПО Ранковце.

Од страна на СВР Куманово поднесени се 7 Кривични пријави против 7 сторители за КД по чл.206 од КЗ и тоа 6 пријави против 6 лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација и 1 пријава против 1 лице кое не ја почитувало мерката како сопственик на угостителски објект кој работел спротивно на издадената мерка од страна на Владата.

Чулев констатираше дека на територијата на СВР Куманово генерално се почитува мерката за ограничување на движењето на граѓаните Мерките и одлуките кои ги донесе Владата, а кои се однесуваат на ограничување на движењето на граѓаните, но и последните дополнителни мерки кои се однесуваат за жителите на Куманово се насочени кон спречување на понатамошно ширење на пандемијата на коронавирусот и во таа насока апелирам до граѓаните на Куманово и до сите граѓани да ги почитуваат мерките и препораките и да останат дома, нагласи Чулев. Тој воедно ги потсети граѓаните дека согласно последната одлука на Владата, за време на викендите ограничувањето на движењето започнува од 16 часот, а завршува во 05 часот.