Во САД најмногу заразени со коронавирус во светот – бројот надмина 100.000 лица

0
101

Во САД бројот на заразени со коронавирус достигна 104.837 лица, со што ги надмина Кина и Италија и во моментов таму има најголем број заболени.

Досега во САД починаа 1.711 лица од вирусот, а целосно заздравеа 894.

Американскиот претседател, Доналд Трамп изјави дека САД во наредните 100 дена ќе произведат 100.000 вентилатори неопходни за борбата против епидемијата со коронавирусот, јави „Ројтерс“.

Градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио предупреди дека за Њујорк, кој е епицентар на заразата во САД, април ќе биде потежок од март, а мај потежок од април, и дека на градот ќе му биде потребна сојузна помош.