Арсовски: Од изнесените пораки постои сериозен сомнеж за криминал, аванта и воено профитерство

0
128
Foto

Денес Владата преку официјално соопштение објави приватни разговори помеѓу Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски. Ова денеска што граѓаните можеа да го прочитаат во медиумите е обид за амнестија на Владата за целиот сомнеж за криминал кој го прави, пропратен со лажни грижи за граѓаните. Нема хуманитарна акција каде што граѓаните сами си плаќаат, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

Незаконското објавување на приватни разговори самото по себе повлекува одговорност пред судовите, но еве јавно изјавуваме да не се вознемирува дека Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема да го тужи Драги Рашковски за изнесените разговори во јавност, затоа што добро е граѓаните да знаат дека ние сме единствените кои сме против сомневањата за криминалот и авантата на Владата на Заев и Рашковски и печалењето пари на грбот на граѓаните кои се враќаат во својата татковина. Она кое што сакаме да го потенцираме во јавноста од изнесените пораки е дека постои сериозен сомнеж за криминал, аванта и воено профитерство, дури и во кризни моменти кога се работи за здравјето и безбедноста на нашите граѓани кои се враќаат од секаде од светот во Република Македонија, истакна Арсовски.

Тој додаде дека мораат јавно да потврдат, секогаш кога ќе има сериозни сомнежи за криминал од страна на Владата, бидејќи се работи за граѓаните и државата, ќе вршат притисок во рамките на можностите да не се врши грабеж на маката на граѓаните. Изминативе 2 дена имаше стотици сведоштва од граѓани, како што рече, докази кои се вратиле во државава со превоз организиран од Владата, кој се нарекува хуманитарен од страна на владата а не е хуманитарен бидејќи граѓаните сами си го плаќаат превозот и враќањето во државата, сите сведоштва, дел од нив и јавни лица од јавниот живот познати на целата држава кои сведочеа за нечовечките услови со кои се третираат граѓаните на патот од аеродром или од граница до карантин.

Со часови чекаат во автобуси, потенцира тој, никој не ги пушта во тоалет, не им се носи храна и вода.