Урнебесно: Како хрватски ватерполист тренира во карантин? (ВИДЕО)

0
88

Пандемијата на Ковид-19 ги запре спортските случувања, па голем број спортисти се обидуваат да ја одржат нивната форма во домовите и карантин.

На социјалните мрежи се појавија и различни предизвици, од играње со тоалетна хартија до правење на склекови. Спортистите бараат начин како да ја победат досадата, а хрватскиот ватерполист Иван Буљубашиќ на оригинален начин ги повика луѓето да останат во своите домови.

Ватерполистот сними видео со помош на сопругата и насмеа многумина со неговиот „тренинг“, кој може да се погледне ТУКА.