Глоба од 3.000 евра за осуммина штипјани кои не го почитувале полицискиот час

0
67

Седумина штипјани постапиле спротивно на одлуката на Владата за забрана и посебен режим на движење на населението од 21:00 до 5:00 часот и во време на забрана на движењето во вечерните часови се движеле пешки или со возила низ градот.​

Еден од нив, државјанин на Република Грција со привремено живеалиште во Штип, требало да биде во задолжителна самоизолација согласно донесените мерки за сузбивање на заразната болест – COVID 19. Тој во земјава влегол на „Меѓународниот аеродром Скопје“ на 17.03.2020 година, при што потпишал Изјава за самоизолација, која требало да ја почитува во следните 14 дена. Но во периодот од 17 – 19 март, обвинетиот го напуштил своето престојувалиште и бил во неговата канцеларија во градот.

Основното јавно обвинителство Штип со поднесените предлози за издавање казнени налози, на надлежниот суд предложи за седум обвинети кои не го почитувале полицискиот час да изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби, секоја од нив од по 20 евра во денарска противвредност За обвинетиот кој не постапил според должноста за самоизолација, обвинителството предложи на судот да му биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив од по 30 евра во денарска противвредност.​