Во Хрватска 790 заболени од коронавирус, 64 излекувани

0
89

Во Хрватска се потврдени 77 нови случаи на заразени со коронавирус, со што вкупната бројка на заболени се искачи на 790, објави Националната цивилна заштита.

„Хрватска многу рано воведе мерки за самозаштита на граѓаните и за да се спречи ширењето на оваа инфекција. Задоволни сме што повеќето граѓани ги почитуваат овие мерки и затоа нашата крива е сè уште линеарна“, рече министерот за здравство, Вили Берош.

Досега се направени 6.404 теста, односно по 504 на ден.

На распиратор се приклучени 27 пациенти, а досега починаа шест лица. Излекувани се 64 лица, 12 повеќе од вчера.