Дванаесетгодишно девојче почина од Ковид-19 во Белгија, повеќе од 700 починати во земјата

0
97
Foto

Едно 12-годишно девојче почина од коронавирусот во Белгија, со што стана најмладата личност што ѝ подлегна на болеста во земјата во која бројот на смртни случаи од новиот коронавирус надмина 700, пренесува „Асошиетед прес“.

„Да се ​​изгуби детето од болест е емоционално тежок момент не само за семејството туку и за лекарите и истражувачите“, рече портпаролот на белгискиот Центар за кризи за коронавирус, Емануел Андре.

Белгија идентификува вкупно 12.705 случаи на Ковид-19. Од понеделникот 98 луѓе ѝ подлегнаа на оваа болест, со што вкупната бројка достигна 705.

Земјата очекува да го достигне врвот на епидемијата во наредните денови, рече Андре, за што се надеваат дека ќе се случи пред болниците да достигнат точка на заситеност.

Ковид-19 најчесто има посериозен ефект врз постарите лица и врз пациентите со постојни медицински состојби, но дури и новороденчињата може да станат носители. Во САД новороденче заразено со коронавирус почина минатата недела.