„ЕХО“ нуди бесплатно огласување на сите ресторани и продавници за храна кои вршат достава до домот на граѓаните

0
133

Со појавата на Ковид-19 вирусот и неговото се поинтензивно ширење од ден на ден, Македонија презема се поригорозни превентивни мерки.

Последиците од коронавирусот ќе бидат огромни и ќе влијаат негативно на македонскиот бизнис и економија.

Во таа насока, редакцијата на „ЕХО“ по предлог на првите луѓе на медиумот ги известува сите продавници, ресторани за храна кои ги опслужуваат граѓаните преку достава до нивниот дом, дека ние како одговорен медиум, во овие тешки времиња за бизнисот, нудиме бесплатно огласување на компаниите на нашиот портал, што може дополнително да придонесе за поврзување на граѓаните и комапниите за храна кои вршат достава до нивниот дом.

На тој начин сметаме дека ќе помогнеме на македонските комапнии кои се затворени за време на вонредната состојба, а кои вршат достава за храна до домовите на граѓаните, но ќе успееме и да им излеземе во пресрет на сите луѓе кои поради препорачаната изолација не излегуваат од своите домови.

Бесплатното огласување на компаниите за храна ќе трае се до моментот на завршување на вонредната состојба во државата.

Сите заинтересирани компании кои сакаат да имаат свој банер на „ЕХО“ можат да се пријават на нашиот официјален меил ehoeho@gmail.com