Хоув и Бурнемаут први си ги намалија платите во Премиер лигата

0
64

Менаџерот на Бурнемаут, Еди Хоув е првиот кој менаџер во Премиер лигата кој се согласи на „драстично“ намалување на неговата плата поради корона вирусот.

Хоув, заедно со неговиот тренерски тим и другите функционери на клубот се согласиле да добијат „значително помала плата“, се вели во соопштение на клубот. Клубот додаде дека другите вработени во клубот земаат цела плата, откако британската влада им гарантираше 80% од обичната плата.

„Нема сценарија за вакви сутации. Нема тактики, ниту стратегии за победничка формула. Како борд на клубот мораме да најдеме начин да ја обезбедиме иднината на клубот и заштита на нашите вработени. Извршниот директор Нил Блејк, техничкиот директор Ричард Хјуз, менаџерот Еди Хоув и неговиот помошник Џејсон Тиндал ќе добијат значително помали плати во овој несигурен период“, се вели во соопштението на клубот.

Повеќе шпански клубови, вклучувајќи ги Барселона, Еспањол и Атлетико Мадрид веќе се решија за драстично намалување на платите на фудбалерите (до 70 отсто), а сличен потег направија и Јувентус во Италија, но во Премиер лигата, ниту еден клуб не ги намали платите на своите вработени, ниту на своите фудбалери.