Сега е и официјално – Вимблдон е откажан првпат по Втората светска војна

0
125

Вимблдон шампионатот, најпознатиот и најелитниот тениски турнир е откажан првпат по Втората светска војна поради пандемијата од корона вирусот, потврдувајќи ги шпекулациите од последните неколку дена. Турнирот требаше да се оддржи од 29 јуни до 12 јули.

Со ова откажување, се откажува и целата сезона на трева, и нема да има професионален тенис барем до 13 јули, а Вимблдон ги следи откажувањата на Европското првенство во фудбал и на Олимпијадата во Токио. Ролан Гарос, пак, го одложи турнирот од традиционалниот термин во мај на крајот на септември.

„Ова не е одлука која ја носиме лесно, но мораме да внимаваме на јавното здравје и на здравјето на тие кои го прават турнирот. Во минатото, шампионатот беше прекинуван само поради светските војни, но веруваме дека ова е исправната одлука“, вели Јан Хјуит, претседателот на Ол-Ингланд клубот, организаторото на турнирот.

Вимблдон се реши на брзо откажување на турнирот за да се намалат трошоците за организација. Вимблдон ќе ги врати купените билети и парите од ТВ-правата, со загуба од над 200 милиони фунти.