Објавено видео на кое насилници тепаат девојче, полицијата ги идентификува напаѓачите

0
82

Полицијата ги идентификува двајцата насилници кои брутално се однесувале кон девојче во Штип кога на социјалите мрежи се појави видео кое предвизика револт и бурни реакции во јавноста. Корисниците на „Фејсбук“ од утрово споделуваа видео со исклучително вознемирувачка содржина, во кое се гледа како двајца мажи тепаат девојче во влез на зграда.

Видеото е со исклучително вознемирувачката и насилничка содржина.

Заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, потврди дека полицијата постапува во врска со објавеното видео и најави најстроги казни за ваквото нечовечко однесување.

„На социјалните мрежи се споделува видео со навистина вознемирувачка содржина, кое содржи очигледни елементи на насилство. Ве известувам дека лицата се идентификувани, Бирото за јавна безбедност постапува. Постапува и Центарот за социјални работи. Најстроги санкции за ваквото нечовечко однесување“, објави таа на „Фејсбук“.