Потврдени 30 нови случаи на коронавирус, вкупниот број се искачи на 384

0
58

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје-12 случаи, Куманово – осум, Прилеп – девет и Крива Паланка еден случај.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска изнесува 384 лица.

Според местото на живеење, досега случаи  се регистрирани во:
 Скопје – 195
 Куманово – 62
 Дебар – 47
 Штип – 15
 Прилеп – 21
 Тетово -13
 Струга – 9
 Велес – 6
 Битола – 4
 Охрид – 3
 Кавадарци – 2
 Гостивар – 1
 Гевгелија – 2
 Струмица- 1
 Крива Паланка – 2
 Кочани – 1

Во изминатото деноноќие направени се 342 теста, од кои: преку ИЈЗ – 177, преку Ветеринарен факултет – 20, преку Авицена – 21, преку Биотек – 24, Филип Втори (Жан Митрев) – 100.

Досега се направени вкупно 4.117 тестирања на Ковид-19.

Според последните информации, досега се излекувани 17 пациенти, а 11 лица починаа од вирусот. Бројот на активни случаи во земјава е 326.