Во Шпанија во последните 24 часа од вирусот умреле 950 луѓе

0
79

Шпанските власти објавија нови податоци за ситуацијата со заразени и смртни случаи од коронавирусот.

Според шпанските медиуми, 950 луѓе починале во земјата во последните 24 часа.

Ова е најголем број жртви за еден ден во таа земја досега. Исто така, тоа е шести ден по ред во кој над 800 луѓе умираат во рок од 24 часа.

Во Шпанија од почетокот на епидемијата на коронавирусот починале вкупно 10.003 лица.

Инфицирани се 110.238 луѓе, речиси 27.000 се излекувале, а повеќе од 54.000 биле хоспитализирани.