Ханси Флик на клупата на Баерн Минхен до 2023 година

0
90

Германскиот шампион Баерн Минхен потврди дека Ханс Флик ќе остане на чело на клубот до 2023 година. Флик во ноември минатата година го презеде баварскиот гигант, откако поради лошите резултати отказ во клубот доби хрватскиот стратег Нико Ковач.

Првично Флик требаше да го предводи тимот до крајот на сезоната, но поради одличните резултати кои ги бележи од неговото доаѓање раководството на Баерн одлучи да му даде шанса до 2023 година.