Икарди сака во Италија, но Наполи нема пари да го плати

0
138

Нема шанси Мауро Икарди да дојде во Наполи, особено сега кога се заканува голема финансиска криза во фудналските клубови.

Ова го објасни спортскиот директор на клубот, Кристијано Џунтоли во врска со информацијата дека тимот продолжува да бара трансфер на напаѓачот. Аргентинецот, кој долго време беше мета на Наполитанците, е во сопственост на Интер, но во моментов игра со позајмица во ПСЖ.

„Секој би сакал да го има Икарди во своите редови, но сега не можеме посебно ние да си дозволиме да платиме толку многу пари. Проблемот со коронавирусот е голем удар за фудбалот од економска гледна точка. Ова е глобален проблем од кој што не може да се пресмета точната штета. Веќе започна промената на буџетите за следната сезона“, изјави спортскиот директор на Наполи, Џунтоли.