Казна за охриѓанец кој шетал низ градот за време на полицискиот час

0
114

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице заради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија според член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот се товари дека вечерта на 26 спроти 27 март, за време на полицискиот час, се движел низ Охрид и со тоа не ја почитувал Одлуката за забрана и посебен режим на движење , донесена како мерка за сузбивање и спречување на заразната болест COVID-19.

Охридското обвинителство побара од Основниот суд Охрид да определи парична казна за обвинетиот во износ од 100 дневни глоби, при што вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност