Излекуван најмладиот пациент со коронавирус во Италија

0
94

Најмладиот пациент заразен со вирусот Ковид-19 во Италија, едногодишно дете, е излекуван.

Момчето од местото Понтеј, во близина на италијанската граница со Франција, и членовите на неговото семејство се меѓу првите потврдени случаи во регионот, јавуваат италијанските медиуми.

Освен детето, излекувани се и неговите мајка, баба и дедо.

Во Италија, од почетокот на епидемијата на коронавирус, бројот на позитивни случаи надмина 119 илјади, а повеќе од 14 илјади починаа.