МОН: Далечинското учење е задолжително, учебната година ќе се реализира до крај

0
156

Учебната година нема да биде прогласена за завршена по само едно полугодие, порачува Министерството за образование, нагласувајќи дека далечинското учење е задолжително за сите и ваквиот начин на настава ќе се реализира во целост. Оттаму велат дека е изготрвено упатство за тестирање и оценување по електронски пат, што ќе се спроведе наскоро.

Од МОН истакнуваат дека образовниот процес се спроведува формално откако се воведе далечинско учење кое е задолжително.

-Учебната година нема да биде ниту прекината, ниту повторена, туку ќе продолжи да се реализира до целосно завршување, соопштиваат од Министерството за образование.

Истовремено, побараа од училиштата да се обезбедат податоци за сите ученици кои потекнуваат од социјално ризични семејства, кои не може да си дозволат комјутери и интернет, со цел да им се помогне и тие еднакво да бидат вклучени во образовниот процес. До сега нема вакви податоци од училиштата, заради што МОН во координација со Министерството за труд и социјална политика ги обезбедува