УЕФА има нов план

0
77

УЕФА е на маки, како да ја заврши започнатата сезона која е привремено прекината поради пандемијата што ја предизвика коронавирусот. УЕФА веќе ги смени термините на одигрувањето на финалните мечеви во Лигата на шампионите (27 јуни) и Лига Европа (24 јуни), но на сите им е јасно дека нема да се играат со оглед на тоа каква е ситуацијата во Европа.

Поради тоа УЕФА има алтернативен план, цело лето да се игра фудбал, а финалињата би се играле во август, во Лигата на шампионите на 15, а во Лига Европа на 12 август.

Доколку биде реализирано ова сценарио тогаш сезоната 2020/2021 би започнала во октомври.