По многуте критики, Ливерпул се откажа од владината помош

0
98

Ливерпул официјално потврди дека ќе ги плаќа своите вработени 100 отсто и дека се откажува од владината програма со која овој клуб ќе добиваа 80 отсто помош од државата по големиот број критики од страна на поранешните фудбалери.

Лидерите во Премиер лигата беа остро критикувани за одлуката да ја искористат оваа можност на британската влада и покрај профитот од над 40 милиони фунти во 2019, а реагира дури и нивната навивачка група „Спирит оф Шенкли“, која побара да се објасни оваа одлука.

Извршниот директор на клубот, Питер Мур, објасни дека таа одлука е сменета.

„По консултацијата со нашите акционери, ги разгледавме опциите за најдобар исход за сите вклучени. Беше размислувано за повеќе сценарија вклучувајќи го и влегувањето во шемата на владата со плаќање 80 отсто од платата, но и поинакво финансирање на платите. Како резултат на оваа консултација, решивме да најдеме алтернативно решение за плаќање на нашите вработени. Сметаме дека минатата недела дојдовме до погрешен заклучок и се извинуваме за тоа. Нашата цел останува да се осигури безбедноста на сите вработени во клубот“, вели Мур во официјално соопштение на веб-страницата на клубот.