Во Кина расте бројот на заразени луѓе кои немаат никакви симптоми

0
204

Бројот на асимптоматски случаи на инфекција со коронавирус во Кина е зголемен, а борбата за целосно задушување на инфекцијата продолжува, вклучувајќи ги и континуираните драстични мерки за изолација.

До крајот на неделата се пријавени 74 вакви нови асимптоматски случаи, а претходниот ден 47, објави Националната здравствена комисија.

Откако Кина успешно ја спречи заразата во провинцијата Хубеи и главниот град Вухан, самиот извор на глобалната пандемија сега се соочува со увезени случаи.

Тоа се кинески државјани кои претежно се враќаат од Европа и САД, а некои од нив се заразени и немаат видливи симптоми на болеста, но можат да го пренесат вирусот.

Вкупно има 705 лица под медицински надзор во Кина, кои не покажуваат симптоми на инфекција.

Предвидено беше на жителите на Вухан да им се даде дозвола на 8 април, првпат откако градот беше затворен во јануари, да заминат, но сега заразата повторно се појави.

Вкупно во континентална Кина се пријавени 81.708 случаи на зараза, со 3.331 смртни случаи.