Руска вакцина против Ковид-19 на прелиминарната листа на СЗО

0
132

Истражувачкиот институт за вакцини и серуми при руската Федерална агенција за биомедицина соопшти дека неговата вакцина против корона вирусот се наоѓа на списокот на потенцијални вакцини, составен од Светската здравствена организација (СЗО).

Досега, тоа е единствена руска вакцина која се наоѓа на таа листа, соопшти Институтот во Санкт Петербург.

Вакцината е составена од рекомбинантен протеин базиран на епитопите на површинскиот С-протеин на САРС-вирусот CoV-2 (Ковид-19).

Како што се наведува, вакцината која ја разви рускиот институт е тестирана врз животни и докажала способност за предизвикување специфичен имунолошки одговор на вирусот Ковид-19.