Маж кој починал во стан во Кавадарци посмртно позитивен на вирусот

0
40

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминативе 24-часа починалo едно лице од Куманово на возраст од 73 години.

Во својот стан во Кавадарци било пронајдено починато лице на возраст од 44 години, кај кого постхумно е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на вирусот. Со ова во текот на изминатиот ден регистрирани се две жртви од Ковид-19 од земјава, а бројот на починати се искачи на 28.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се и 18 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 7, Куманово – 2, Прилеп – 4, Битола – 2, Кавадарци – 1 (починатиот 44-годишник), Крушево – 1 и Кочани -1.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во:

Скопје – 261
Куманово – 130
Дебар – 49
Штип – 20
Прилеп – 38
Тетово – 29
Струга – 28
Велес – 10
Битола – 8
Охрид – 3
Кавадарци – 3
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка – 3
Радовиш  – 4
Крушево – 3
Кочани – 18

Од Клиниката за инфективни болести во Скопје денеска се испишани 5 оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома. На оваа Клиника примени се 4 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои 7 пациенти се на механичка вентилација.

Во болницата „8 септември“ примени се 4 нови суспектни пациенти на коронавирус. Вкупната бројка на позитивни и суспектни на Ковид-19 во оваа болница е 26 пациенти, од кои 8 се во тешка состојба, а 3 пациенти се на респираторна машина.

Во болницата во Штип нема нови примени пациенти на болничко лекување. Во моментов се хоспитализирани 4 пациенти, од кои 1 пациент со средно-тешка клиничка слика со пневмонија и 3 стабилни.

Во болницата во Битола исто така нема прием на нови пациенти. Во моментов 4 пациенти кои се на хоспитален третман се стабилни.