Хавeрц го одбрал Баерн

0
69

Во овој момент најголемиот талент на германскиот фудбал Каи Хаверц донел одлука околу својата иднина. 20 годишниот фудбалер е играч на Баер Леверкузен но сигурно е дека во летниот преоден рок ќе замине од клубот.

Интересот за Хаверц е огромен, стручњаците му предвидуваат блескава иднина, а Баер бара најмалку 100 милиони евра.

Челси, Манчестер Јунајтед и Тотенхем го следат германскиот репрезентативец.Меѓутоа како што објави „Скај Германија“ Хаверц нема намера да се сели во Премиерлигата. Решил да остане во Германија бидејќи сакал да игра за Баерн Минхен.