Oд коронавирус во Италија починаа 100 лекари

0
72

Во Италија, коронавирусот ја зеде својата 100-та жртва помеѓу лекарите, соопшти лекарското здружение.

Најновата жртва е 62-годишен лекар за општа медицина во провинцијата Венето.

Италија е земјата во која досега има најголем број жртви од коронавирус, а медицинскиот персонал се соочува со недостаток на заштитна опрема како што се ракавици и маски за лице.

„Недостатоците и пропустите е навистина тешко да се разберат и уште потешко е да се оправдаат со оглед на овие трагични бројки“, рече Филипо Анели, претседател на лекарското здружение „Фномчео“.

Во саботата, Карло Палермо, претседател на Сојузот на синдикатот на лекарите во земјата, изјави дека починале околу 80 лекари и 40 медицински сестри.

Во Италија  досега потврдени се речиси 140.000 лица заразени со коронавирус, од кои околу 10 проценти, поточно 13.522 лица се  медицински работници.