Тешко повреден малолетник во кого удрил автомобил

0
131

Утрово во полициска станица било пријавено дека во попладневните часови на 7 април на улицата Македонско-косовска бригада автомобил „опел зафира“, со скопски регистарски ознаки, удрил во малолетен пешак.

Според пријавата, возилото било управувано од 30-годишник од Скопје, a oд ударот малолетникот се здобил со тешки повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.