За прв пат таков случај: Се заразила со Ковид-19 по втор пат, една недела по закрепнувањето

0
374

Една Тајланѓанка по втор пат се заразила со Ковид-19 откако го победила вирусот додека била во Бангкок кон средината на март, објавија тајландските медиуми повикувајќи се на извори во здравството.

Триесет и осум годишната жена од Чајафум се вратила од странство во март и открила дека е заразена со вирусот. Таа била примена во болницата „Фијатаи 2“ во Бангкок и на крајот целосно закрепнала, по што се вратила во својата провинција.

Но, на почетокот на април повторно почувствувала болки во грлото и направила нов тест кој покажал дека е позитивна на коронавирусот.

Се чини дека бројот на случаи на реинфекција ескалира бидејќи неодамна се појави друг случај кај 42-годишен градежен работник, кој се вратил од Катар минатата недела и сега повторно е позитивен на Ковид-19 откако претходно целосно закрепнал. И двата случаи сега се наоѓаат на лекување во локалните болници.

Веста доаѓа како шок бидејќи претходните студии кај животни спроведени во соработка со кинеските научници покажаа дека реинфекцијата со САРС-КоВ-2 била невозможна кај случаите на заразени макаки резус.