Педро, Вилијан и Жиру си одат од Челси

0
93

Челси по завршувањето на сезоната ќе остане без тројца искусни фудбалери чии договори истекуваа ова лето. Педро, Вилијан и Оливие Жиру веќе се во потрага по нови клубови.

Педро (32) последните пет години е играч на Челси. Оваа сезона е негова најлоша по доаѓањето од Барселона. Сериозен интерес за крилниот напаѓач покажале Челниците на Рома. Тие му понудиле годишна плата од три милиони евра.

Вилијан (31) заминува бидејќи клубот не се согласил неговиот договор да биде продолжен на дополнителни три години. За Вилијан интерес покажале Пари Сен Жермен и Тотенхем.

Куферите ги пакува и 33 годиншниот Жиру иако Челси сака да го задржи напаѓачот уште една година. Жиру во зимскиот преоден рок се поврзуваше со Интер и Лацио.