Штипјанец се возел низ градот иако знаел дека е заразен со коронавирус

0
73

Штипското основно јавно обвинителство поднесе предлог за казна за едно лице поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Според информациите, обвинетиот на 24 март добил известување од болницата „Жан Митрев“ дека неговиот резултат од тестот за Ковид-19 е позитивиен, при што му било издадено решение, со кое се одредува лекување и изолација во домашни услови.

Но, на 30 март тој не постапил по решението, го напуштил својот дом како место за самоизолација и со своето возило бил затекнат како фрла кеси со отпад во близина на Здравствениот дом во Штип.

Јавното обвинителство предложи на осомничениот да му биде изречена глоба во висина од 2.000 евра во денарска противвредност