Во Либан запленети 25 тони марихуана

0
67

Либанската полиција објави дека запленила рекордни 25 тони канабис што од Бејрут требало да бидaт испорачани во една африканска земја.

Откривањето на дрогата е овозможено преку информации од одделот за наркотици кој месец дена ја следел операцијата. Запрен бил конвој од осум камиони кои требало да влезат во пристаништето во Бејрут, се вели во соопштението на силите за внатрешна безбедност (ФСИ).

„Пронајдени се големи количини хашиш, околу 25 тони професионално сокриени во вреќи со земја“, се вели во изјавата.

„Се работи за најголема количина на дрога запленета во историјата на Либан“, додава ФСИ.

Според податоците на ОН, Либан е трет светски производител на дрога зад Авганистан и Мароко.