Волонтерите не се откажуваат иако некој го купил целиот вералит за визирите

0
308

Хуманата акција која што ја прават волонтерите собрани во групата „3Д Медицинска опрема“ со производство на заштитни визири за медицински лица е доведена во прашање откако на пазарот во земјава ненадејно го снема потребниот материјал- вералит. Од продажните места од кои волонтерите до сега го набавуваа најважниот, провидниот дел од визирите, ги информираа дека веќе немаат материјали. Со тоа во прашање се доведува натамошното производство на визирите од повеќе десетици волонтери кои што ги прават визирите на своите 3Д – принтери, а потоа бесплатно ги подаруваат на медицинските лица.

Повеќе прочитајте на следниот линк:https://skopskoeho.mk/volonterite-ne-se-otkazhuvaat-iako-nekoj-go-kupil-tseliot-veralit-za-vizirite/