Времето за матура се ближи, знае ли министерството што треба да прават матурантите и наставниците?

0
92

Матурантите, но и нивните професори се во неизвесност околу тоа кога и на кој начин ќе се полага државната матура заради кризата со корона вирусот. Зарем не е време надлежното министерство да го има одговорот на овие дилеми?

До почетокот на јуни има уште два месеца, но заради справувањето со опасната болест, тешко може да се очекува дека матурата годинава ќе се полага во просториите на училиштата. Се споменуваат опциите и наговестувања дека и матурата, како и редовните оценувања на учениците од пониските години, ќе се спроведува „од далечина“, односно, он-лајн. Дали има министерството доволно механизми тоа да го спроведе? Знае ли како тоа да го направи и кога би ги објаснила таквите методи на наставниците кои треба испитувањето да го спроведат?

Во меѓувреме, се позачестени се барањата државната матура годинава воопшто и да не се полага.

Повеќе прочитајте на следниот линк:https://skopskoeho.mk/vremeto-za-matura-se-blizhi-znae-li-ministerstvoto-shto-treba-da-pravat-maturantite-i-nastavnitsite/