Австрија воведува казни – граѓаните што не носат маска ќе платат 25 евра

0
88

Австриската полиција ќе ги казнува сите лица кои не ги почитуваат владините мерки на Владата за борба против коронавирусот.

Гражаните што не носат маска што ги покрива носот и устата на места каде што е задолжително, како што се продавници и јавен превоз, ќе треба да плати казна од 25 евра. За сите други прекршоци, предвидена е казна од 50 евра.

Досега полицијата само поднесуваше обвиненија против прекршителите на мерките, како што е непридржување доволно растојание од најмалку еден метар до други лица или собир на повеќе луѓе, а надлежните органи потоа ги испраќаа казните на домашна адреса.